Француска фрегата испука ракети близу брегот на Сирија

Руските системи за контрола на воздушниот простор забележале француска фрегата како испукува ракети во Средоземното море во понеделникот, извести руското министерство за одбрана.

Според руската војска, францускиот воен брод „Оверњ“ ги испукал ракетите во понеделникот околу 20:00 часот. „Системот за контрола на воздушниот простор забележа лансирање на ракети оф француската фригата ‘Оверњ’“, се вели во изјавата на министерството. „Оверњ“ бил на мисија во Средоземното море, близу брегот на Сирија.
Париз демантираше било каква вмешаност во нападот.

Се работи за европска повеќенаменска фрегата која е во служба на француската морнарица од февруари оваа година. Пред тоа, воениот брод бил испраќан на мисии низ целиот свет, вклучувајќи го и Средоземното море, Индискиот океан, Персискиот залив, Јужнокинеското море и Тихиот океан.

Лансирањето било забележано во исто време кога контролорите на летање во воздухопловната база „Кмеимим“ изгубиле контакт со воениот авион „Ил-20“ за време на нападот врз Латакија од страна на израелските Ф-16 борбени авиони. Во авионот имало околу 14 лица кога тој исчезнал. Во тек е мисија за нивно пронаоѓање.

Израелските одбрамбени сили одбија да коментираат. Иако Израел ретко признава дека напаѓа конкретни цели во Сирија, месецов одбрамбените сили признаа дека погодиле барем 202 „ирански цели“ во земјата.

Турција и Русија се договорија во понеделникот да воспостават „демилитаризирана зона“ меѓу владините војници и милитантите во обид да се отстранат и последните џихадисти од Сирија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари