logo
logo
logo

Франција започна да ги вакцинира младите луѓе со сериозни болести

Vecer | 06.05.2021

Франција започна да ги вакцинира младите луѓе со сериозни болести


Во Франција, започна вакцинацијата против Ковид-19 за млади од 16 и 17 години со болести поради кои се изложени на висок ризик од развој на тешка форма на Ковид-19.

Тие ќе можат да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер / Бионтек“, единствената што моментално е одобрена за лица со 16 и 17 години.

Претходно, здравствените власти утврдија список на патологии со висок ризик од развој на тешка форма на Ковид за постари возрасни групи.

На тој список се наоѓаат карциноми во фаза на третман, акутно и хронично заболување на бубрезите, трансплантација на органи, цистична фиброза, Даунов синдром и некои ретки болести.

Ваквите патологии влијаат на 800.000 возрасни лица, велат официјалните власти во Франција.

Деновиве владата го прошири списокот на оние кои можат да се вакцинираат за да се забрза кампањата.

Од саботата, секој на возраст помеѓу 18 и 50 години со коморбидитети може да се вакцинира, но изјавата од кандидатот е доволна и не е потребна медицинска препорака.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk