Франција ќе ѝ даде на Сирија хуманитарна помош од 50 милиони евра

Фрнација ќе издвои 50 милиони евра итна хуманитарна помош за Сирија, изјави претседателот Емануел Макрон по состанокот со група невладини организации во Париз.

„Вечерва ги собрав невладините организации кои работат на терен во Сирија. Соочена со хуманитарна ситуација, Франција воспостави итна програма од 50 милиони евра“ наведе Макрон синоќа на Твитер.

Средствата ќе бидат упатени кон невладините организации и агенции на Обединетите нации кои работат на терен во Сирија, вклучително и канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања, соопшти Елисејската палата, пренесе Ројтерс.

Дваесетина невладини организации учествувале на состанокот со Макорн, меѓу кои и Црвениот крст и Кер. Според проценките на ОН, хуманитарна помош им е потребна на околу 13 милиони луѓе, меѓу кои шест милиони деца.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари