Франција ќе ги тужи „Гугл“ и „Епл“ за злоупотреба

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека неговата земја ќе поднесе тужба против компаниите „Гугл“ и „Епл“ поради практики на бизнис-злоупотреби.

„Верувам во економија базирана на правдата и ќе поднесам тужба против „Гугл“ “и „Епл“, пред Парискиот трговски суд, со обвинување за практики на бизнис-злоупотреби против француските компании“, изјави Ле Мер.

Тој додаде дека технолошките гиганти би можеле да бидат казнети со неколку милиони евра.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари