logo
logo
logo

Франција како Југославија: СЕ ДЕЛАТ БОНОВИ ЗА ХРАНА во некои градови

Vecer | 26.05.2022

Франција како Југославија: СЕ ДЕЛАТ БОНОВИ ЗА ХРАНА во некои градови

Неколку француски градови почнаа да делат ваучери за храна за да ги обесштетат жителите за зголемените цени на храната.

Како што се наведува во прилогот на ТВ каналот Франс 2, на граѓаните им се доделуваат ваучери кои потсетуваат на добро познатите бонови од времето на Југославија,  во вредност од пет, 20 и 30 евра. Градските администрации досега потрошиле околу 37 милиони евра за издавање купони и сертификати, како и за други мерки за поддршка на населението.

Владата во Париз се уште нема донесено уредба за доделување на овие субвенции, но градоначалниците на некои француски градови одлучија сами да воведат бонови за храна, без да чекаат официјална владина одлука.

Идејата за дистрибуција на ваучери за храна за домаќинствата со средни и ниски приходи беше предложена од францускиот претседател Емануел Макрон и беше дискутирана долго пред претседателските избори. Приближно осум милиони француски граѓани ќе имаат право на ваков вид поддршка.

Инфлацијата во Франција, како и во сите земји во светот, расте, поттикната од зголемените цени на храната и енергијата. Експертите предупредуваат дека растот на цените и слабиот економски раст може да доведат до стагфлација во земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk