(ФОТО) Ова се остатоците од кинескиот шпионски балон кој беше соборен во саботата

Американската морнарица објави фотографии од кинески шпионски балон кој беше соборен во саботата.
Командата на американската морнарица објави неколку слики на Фејсбук на кои се гледаат остатоците од балонот кои војниците ги вовлекуваат во бродот.
Во соопштението се вели дека морнарите кои ги извлекле остaтоците во неделата биле дел од тимот за специјални експлозиви на морнарицата.
Остатоците сега ќе бидат испитани за да се види дали навистина се работи за шпионска опрема, јавува Би-Би-Си.
Американската војска собори кинески шпионски балон кој леташе над Атлантскиот Океан, за кој Кина тврди дека се користи за цивилни цели и случајно навлезе во воздушниот простор на САД.
Овој балон доведе до дипломатски тензии меѓу Кина и САД, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја откажа посетата на Пекинг.