logo
logo
logo

Фон дер Лајен за заканите на Трамп: ЕУ треба да си го гледа сопствениот интерес

Vecer | 04.02.2025

Фон дер Лајен за заканите на Трамп: ЕУ треба да си го гледа сопствениот интерес

-Европа треба да се соочи со светот таков каков што е, да носи одлуки врз основа на пресметана проценка на нејзините интереси, без емоции и носталгија за светот од минатото, рече Фон дер Лајен во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.

Таа изјави дека на некои „можеби не им се допаѓа оваа нова, посурова реалност, заснована на давање и земање“.

Додека Трамп го потресе светот заканувајќи се со царини, вклучително и кон ЕУ, и ја зголеми можноста за анексија на данскиот остров Гренланд, фон дер Лајен рече дека „нема сомнеж дека ќе мора да се вклучиме во тешки преговори, вклучително и со долгогодишни партнери“, алудирајќи на САД.

На вчерашниот состанок во Брисел лидерите на ЕУ го предупредија Трамп дека се подготвени да реагираат доколку тој воведе царини за увоз на нивната стока во САД, а Фон дер Лајен денеска предупреди дека трговската војна „нема да биде во ничиј интерес“./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk