logo
logo
logo

Фон дер Лајен до Украинците: Ќе бидеме со вас сѐ додека е потребно

Vecer | 01.07.2022

Фон дер Лајен до Украинците: Ќе бидеме со вас сѐ додека е потребно

Европските лидери минатата недела ѝ доделија на Украина кандидатски статус, со што официјално беше отворен процес за кој се верува дека ќе трае со години пред земјата да стане членка на блокот од 27 нации.

Говорејќи преку видео врска со украинските пратеници, Фон дер Лајен го истакна напредокот што земјата го постигнала на нејзиниот пат кон ЕУ додека се бранеше од руската агресија што започна на 24 февруари.

„Украина сега има многу јасна европска перспектива. Украина е земја која ќе се приклучи на Европската унија, нешто што изгледаше речиси незамисливо пред само пет месеци“, им рече Фон дер Лејен на парламентарците и на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Патот е долг, но Европа ќе биде покрај вас на секој чекор од патот, колку што е потребно, од овие мрачни денови на војна до моментот кога ќе поминете низ вратата што води кон нашата Европска унија“, рече таа, додавајќи дека се потребни многу клучни реформи што е можно поскоро.

„Следните чекори се на дофат. Но, тие ќе бараат многу напор“, додаде Фон дер Лејен. Таа наведе како Украина, меѓу другото, треба да усвои закон за медиуми, да спроведе нови правила со кои се намалува прекумерната моќ на олигарсите и да назначи највисоки функционери за борба против корупцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk