logo
logo
logo

Фејсбук ја блокира страницата на руската делегација во Виена, Москва со остар одговор

Vecer | 17.01.2022

Фејсбук ја блокира страницата на руската делегација во Виена, Москва со остар одговор

Рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор вчера вечер испратил барање до Мета, калифорниска компанија и сопственик на Фејсбук, „веднаш да ги отстрани ограничувањата на официјалниот профил“ на руската делегација во Виена, која води разговори за контрола на вооружувањето.

„Блокирањето сметки е чин на цензура што го нарушува слободниот проток на информации“, предупреди Роскомнадзор.

Споменатата страница на Фејсбук била блокирана во петокот, со образложение дека објавува „нелегална содржина“, изјавил шефот на руската делегација во Виена, Константин Гаврилов. Сајтот сè уште е недостапен.

Гаврилов објаснува дека делегацијата ја користи страницата за објавување официјални изјави од руски претставници.

Страницата на таа делегација била блокирана и од Твитер во февруари 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk