logo
logo
logo

Фејсбук ги зголемил приходите, ќе инвестира 10 милијарди долари во Reality Labs

Vecer | 26.10.2021

Фејсбук ги зголемил приходите, ќе инвестира 10 милијарди долари во Reality Labs

Најголемата социјална мрежа ја зголемила нето добивката од јули до септември за 17 отсто, на 9,2 милијарди долари, се вели во извештајот објавен вчера.

Приходите се зголемиле за 35 отсто на 29 милијарди долари.

Клучниот оддел за рекламирање ги зголемил приходите за 33 отсто, на 28,3 милијарди долари, и покрај ажурираниот оперативен систем iOS 14 на Apple, што им отежнало на брендовите да ги таргетираат корисниците.

Бројот на месечни активни корисници е зголемен за шест отсто до крајот на септември во однос на истиот период лани, на 2,91 милијарди.

Facebook најавил дека ажурирањето на условите за приватност ќе влијае на неговиот дигитален бизнис и во последниот квартал од оваа година, но очекува тој да се прилагоди на промените со текот на времето.

Тие исто така објавија дека ќе потрошат околу 10 милијарди долари оваа година на одделот за метаверс на Facebook Reality Labs, кој треба да создава хардвер, софтвер и содржина во сегментот на зголемена и виртуелна реалност.

Најголемата социјална мрежа во светот неодамна беше под лупа на законодавците и регулаторите, вклучително и Федералната трговска комисија на САД, која поднесе тужба против нив, тврдејќи дека ги прекршила правилата за конкуренција.

Притисокот беше зголемен со сведочењето на поранешната вработена Френсис Хауген за неетичкото однесување и внатрешните документи што ги објави, тврдејќи дека компанијата го претпоставува профитот пред безбедноста на корисниците.

Објавените документи, првпат објавени од Wall Street Journal, вклучуваат интерно истражување на Facebook за влијанието на Instagram врз менталното здравје на тинејџерите.

Компанијата, исто така, сакала внатрешно да утврди дали нејзините платформи поттикнуваат поделби во општеството, а исто така го анализира управувањето со платформата за време на немирите во Капитол на 6 јануари оваа година.

Документите, според извештаите на неколку медиуми, покажуваат дека Фејсбук не ги модерирал содржините кои промовираат говор на омраза и трговија со секс надвор од САД, наведува Би-би-си.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, вчера на телеконференција со инвеститорите рече дека тоа е „координиран напор за селективно користење на документите протечени во јавноста за да се создаде лажна слика за нашата компанија“, пренесува Би-Би-Си.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk