logo
logo
logo

ФБИ им увалија апликација на криминалците, им ја наплатија па ги поапсија!

Vecer | 09.06.2021

ФБИ им увалија апликација на криминалците, им ја наплатија па ги поапсија!

ФБИ и австралиската федерална полиција тајно следеа шифрираната апликација што ја користеа криминалците, а која требаше да биде непробојна подземна алатка за комуникација односно дигитален безбеден простор за планирање на криминал.

Во акцијата која заеднички ја осмислиле Австралија и ФБИ, ги следеле уредите со апликацијата „ANoM“ кои што тајно се дистрибуирале меѓу криминалците преку црниот пазар, дозволувајќи ѝ на полицијата да ги следи нивните разговори за шверц на дрога, перење пари, па дури и заговори за убиства. Официјални лица ја нарекоа пресвртна точка. Целите биле нарко банди и луѓе поврзани со мафијата.

Дрога, оружје, луксузни возила и готовина беа запленети и во операцијата спроведена во повеќе од десетина земји. Ова вклучуваше осум тони кокаин, 250 оружја и повеќе од 48 милиони долари во разни светски валути и крипто-валути.

„Операцијата ѝ зададе тежок удар на организираниот криминал ширум светот“, рече австралискиот премиер Скот Морисон.

Полициската агенција на Европската унија - Еуропол, ја опишала операцијата „Тројански штит“ како „најголемата акција за спроведување на законот против шифрираната комуникација досега“. Службите, наводно, ја презеле контролата врз компанијата за комуникации наречена „ANoM“ пред околу три години, откако осуден криминалец им ветил пристап за поблага казна.

Уредите беа наплатени како супер безбедни и имаа многу специфичен целен пазар - организирани криминални групи. Властите дури го искористија моменталниот тренд во Силиконската долина - да наплатуваат месечна претплата за производот.

ФБИ го презело работењето на шифрирана мрежа на уреди наречена „ANOM“ и тајно дистрибуирале уреди со апликацијата за разговор меѓу криминалното подземје преку своите доушници.

Идејата за операцијата се појавила откако агенциите за спроведување на законот соборија уште две шифрирани платформи, оставајќи ги криминални банди на пазарот за нови безбедни телефони.

Уредите првично ги користеле наводни постари криминалци, давајќи им доверба на другите криминалци во користењето на платформата.

„Требаше да знаете криминалец за да добиете еден од овие обични телефони. Телефоните не можеа да ѕвонат или да испраќаат е-пошта. Можете да комуницирате само со некој на истата платформа“, објасни австралиската полиција.

Австралискиот бегалец и наводен шверцер на дрога Хакан Ајик бил клучен во операцијата, препорачувајќи ја апликацијата на криминални соработници откако полицајците го озвучиле, соопшти полицијата. Австралиските медиуми го нарекоа „Фејсбук гангстер“, бидејќи на фотографиите на социјалните мрежи позира покажувајќи ги своите тетоважи и мускулестото тело. Се шпекулира дека тој живее во Турција откако избегал при апсењето, водејќи луксузен начин на живот со неговата холандска сопруга.

Полицијата рече дека е „најдобро тој да ни се предаде што побрзо, бидејќи и самиот може да биде во опасност“

Вкупно, околу 12 000 шифрирани уреди биле користени од околу 300 криминални организации во повеќе од 100 земји.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk