logo
logo
logo

Фаучи: Вакцината на Астразенека е добра, доколку се надминат сомнежите

Vecer | 13.04.2021

Фаучи: Вакцината на Астразенека е добра, доколку се надминат сомнежите

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, рече дека вакцината против ковид-19 на Астразенека има добра ефикасност, но и дека треба да се решат сомнежите во поглед на нејзината безбедност.

„Мислам дека вакцината на Астразенека е добра вакцина во однос на ефективноста, и ако се решат сомнежите во поглед на безбедноста во Европската унија, ефективноста на вакцината е навистина добра“, изјави Фаучи за радиото Би-би-си во вторникот.

„Дали некогаш ќе ја користиме АЗ или не, не е познато, но во овој момент се чини дека нема да мораме. Тоа не е лоша пресуда за АЗ, едноставно е можно, со оглед на набавката на вакцини од други компании, дека може нема да мораме да ја користиме вакината на АЗ“.

Европските регулатори ја тестираат вакцината на Астразенека проади појава на ретки тромбози. Таа сè уште не е одобрена во САД.

Европските регулатори утврдија можна поврзаност помеѓу вакцините и тромбозите, но нагласуваат дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.

Повеќе од дванаесет земји на некое време ја прекинаа употребата на вакцината, но потоа продолжија да ја користат, а некои воведоа минимална возрасна граница, вклучително и Франција, Холандија и Германија.

Официјални лица во Велика Британија ги советуваа луѓето на возраст под 30 години да добијат друга вакцина.

Вакцината АЗ е далеку најевтина досега и не бара посебни услови за чување на екстремно ниски температури како некои вакцини, па затоа е главна вакцина во многу кампањи за вакцинација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk