logo
logo
logo

Фаучи: Светот не успеа да даде глобален одговор за спречување на коронавирусот во Индија

Vecer | 28.04.2021

Фаучи: Светот не успеа да даде глобален одговор за спречување на коронавирусот во Индија

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека светот не успеа да се обедини и да спречи коронавирусот да ја преплави Индија.

Тој особено ги критикуваше побогатите земји дека не обезбедуваат еднаков пристап до здравствена заштита низ целиот свет. Фаучи исто така рече дека токму ситуацијата во Индија дополнително ја потенцира глобалната нееднаквост.

„Единствениот начин на кој адекватно ќе одговорите на глобалната пандемија е глобален одговор, а глобалниот одговор значи еднаквост низ целиот свет“, рече Фаучи.

Индија забележа 360.960 нови случаи за 24 часа, според податоците на Министерството за здравство, што е уште еден нов дневен светски рекорд. Министерството, исто така, соопшти дека вкупниот број на починати во Индија надмина 200.000 и изнесува 201.187.

И додека СЗО се обидува да ја забрза поддршката за Индија преку иницијативата Ковакс, Фаучи истакнува дека треба да се стори повеќе од тоа.

„САД навистина станаа активни во помагањето на Индија, ние испраќаме кислород, ремдесивир, опрема за лична заштита, редица други лекови и наскоро ќе испратиме вакцини за помош“, рече тој.

„Значи, мислам дека тоа е одговорност што богатите земји треба да ја преземат. Во моментов тоа е ужасна трагична ситуација кога луѓето умираат затоа што нема доволно кислород, каде нема доволно болнички кревети. Треба да се обидеме, гледајќи напред, да постигнеме што е можно повеќе правда кога станува збор за прашања од јавното здравство, колку што можеме“, посочи Фаучи.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk