logo
logo
logo

Фаучи: Сите вакцини против Ковид-19 се безбедни

Vecer | 15.04.2021

Фаучи: Сите вакцини против Ковид-19 се безбедни


Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи потврди дека вакцините против Ковид-19 одобрени во САД се безбедни.

Неговата изјава доаѓа откако регулаторите на САД ја запреа испораката на вакцини на компанијата „Џонсон и Џонсон“ поради извештаите дека тие можат да доведат до формирање на тромб.

Директорката на американските центри за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски, ги повика Американците да ги искористат своите закажани термини за вакцинација со препаратот на „Модерна“, додека американската влада работи на обезбедување други одобрени вакцини за да се надомести паузата во испорачувањето на вакцините на „Џонсон и Џонсон“, пренесува „Ројтерс“.

„Веруваме дека со податоци и факти, ќе ја зајакнеме довербата на јавноста во владата и ќе ја зголемиме довербата на Американците во вакцините“, рече координаторот на Белата куќа Џеф Зинц на прес-конференција.

Федералните здравствени агенции на САД во вторникот препорачаа да се запре употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19 барем неколку дена, откако шест жени на возраст под 50 години добија згрутчување на крвта по приемот на вакцината.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk