Фатени на спиење: Германците немаат план што ќе прават со вонземјаните

Изгледа дека ни Германците не се тоа што беа: подготвени и однапред организирани за секоја прилика и за секој предизвик. Германската влада соопшти дека не направила никаков план за подготовка за можноста - што да се прави ако вонземјани се појават на нивната државна територија.

На ваквото прашање од пратеник на опозициската партија Зелени Дитер Јанецек, владата во Берлин одговори дека "нема протоколи или планови за потенцијален прв контакт со вонземјани".

Оправдувајќи го овој свој став, германската влада навела дека верува дека "малку е веројатно дека вонземјаните ќе слетаат на германска територија, со оглед на денешните научни истражувања".

Поврзани

Најнови вести

Коментари