logo
logo
logo

„Евзони“ останува затворен за туристите

Vecer | 24.03.2021

„Евзони“ останува затворен за туристите

Граничниот премин „Евзони“ ќе остане затворен за туристите.

Во Грција ќе можат да влезат само оние кои имаат документи со кои докажуваат дека живеат во Грција, односно до 400 автомобили и камиони на ден, пренесуваат медиумите во регионот.

Според нив, туристите ќе можат да влегуваат преку граничните премини во Бугарија, исто како и минатата година.

Правилото за влез на автобуси и автомобили допрва треба да се прецизира.

Исто така, негативен тест за коронавирус, потврда за вакцинација или хартија за антитела ќе биде услов за влез во земјата.

Грците по случаен избор ќе тестираат туристи на границата, пишуваат агенциите.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk