logo
logo
logo

Европските полиции пробиле шифрирана апликација и заплениле милиони евра од криминалци

Vecer | 04.02.2023

Европските полиции пробиле шифрирана апликација и заплениле милиони евра од криминалци

Инспекторите претресувале простории во Белгија, Германија и Холандија по повеќе од две години истрага што започнала во септември 2020 година и доведе до исклучување на тајниот систем за пораки Exclu Messenger. Истражителите „пристапиле до податоците од оваа шифрирана комуникациска услуга што ја користеле криминалците и можеле да ги читаат нивните пораки во последните пет месеци“, се вели во соопштението на холандската полиција.

Во истрагата за Exclu Messenger биле вклучени и француската, италијанската и шведската полиција, како и Европол и неговата поврзана судска агенција, Евроџастис. Полицајците конфискувале опрема на две лаборатории за производство на дрога и фабрика за преработка на кокаин, како и неколку килограми дрога, четири милиони евра готовина, луксузни предмети и оружје, прецизира холандската полиција.

Апликацијата ја користеле околу 3.000 луѓе, а Exclu ги чинела своите корисници 800 евра за шест месеци, инсталирана на нивните телефони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk