logo
logo
logo

Европските „ковид-пасоши“ ќе важат само за лица што примиле вакцина одобрена од ЕУ

Vecer | 13.03.2021

Европските „ковид-пасоши“ ќе важат само за лица што примиле вакцина одобрена од ЕУ

Предлогот за воведување на таканаречени „ковид-пасоши“ за слободно патување во рамките на Европската унија, што ќе биде предложено на 17 март, ќе важи само за вакцинираните со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Ова е затоа што неодобрените вакцини нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност и контрола на квалитетот на ЕУ.

Илва Јохансон, комесарка за внатрешни работи во Европската комисија, ги потврди овие наводи во петокот вечерта, откако извор од Брисел ги откри за „Еуроњуз“ неколку часа претходно.

Изворот тврди дека еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, јасно ставил до знаење дека земјите-членки можат слободно да ги вакцинираат своите граѓани со вакцини од други производители, но дека нема да добијат лиценциран сертификат за патувања, доколку вакцината не е од одобрен производител.

Европскиот регулатор во моментов ги одобри вакцините од „Фајзер“ / „Бионтек“, „Астразенека“, „Модерна“ и „Џонсон енд Џонсон“.

Сертификатите за вакцинација би требало да важат до крајот на пандемијата, вели изворот, додавајќи дека движењето во рамките на Унијата за оние кои не примиле вакцина, сепак ќе биде можно со тестови и карантин.

„Ковид-пасошите“ треба да бидат достапни во дигитален и хартиен формат.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk