logo
logo
logo

Европскиот суд до Русија: Да не бидат убиени заробените Британци

Vecer | 30.06.2022

Европскиот суд до Русија: Да не бидат убиени заробените Британци

Претходно овој месец, судот во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДПР) во источна Украина ги осуди на смрт британските државјани Ејден Аслин и Шон Пинер, обвинувајќи ги за „платенички активности“.

ЕСЧП соопшти дека издала наредба за времена мерка до Русија, барајќи од неа „да се осигура дека смртната казна изречена за апликантите не е извршена и да обезбеди соодветни услови за нивниот притвор и да им ја обезбеди сета потребна медицинска помош и лекови“.

Семејствата на заробениците негираат дека двајцата, кои биле ангажирани во украинските вооружени сили, биле платеници.

Британија досега одбиваше јавно да го покрене ова прашање пред властите во Доњецк, чија независност ја признава само Русија, велејќи дека се надева дека Киев може да обезбеди ослободување на мажите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk