logo
logo
logo

Европската унија ќе воспостави платформа за обнова на Украина

Vecer | 04.07.2022

Европската унија ќе воспостави платформа за обнова на Украина

Платформата ќе се користи за да се идентификуваат потребите за инвестиции, да се координираат акциите и да се насочат ресурсите, рече Фон дер Лејен на Конференцијата за обновување на Украина во Лугано, Швајцарија.

„Од почетокот на војната, ЕУ мобилизираше околу 6,2 милијарди евра финансиска поддршка. Ќе дојдат уште повеќе. Ние значително ќе се вклучиме во среднорочна и долгорочна реконструкција“, рече шефицата на ЕК.

Платформата ќе ги обедини земјите, институциите, приватниот сектор и граѓанското општество. Во неа ќе бидат вклучени и меѓународни организации како што се Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ).

ЕИБ предлага финансиска структура што беше искористена за време на пандемијата „Ковид-19“ за да помогне во обновата на Украина со инвестиции до 100 милијарди евра.

Фон дер Лајен рече дека Европа има посебна одговорност и стратешки интерес да биде на страната на Украина. Исто така, тврди дека Комисијата има експертиза за водење на програми кои комбинираат реформи и инвестиции.

Откако Украина и официјално стана кандидат за членство во ЕУ, соработката со Киев само ќе се интензивира, изјави Фон дер Лајен. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за трифазен план за обновување по руската инвазија, изјави нејзиниот премиер на конференција.

Денис Шмигал исто така рече дека руската инвазија на инфраструктурата на Украина предизвикала директна штета од над 100 милијарди долари.

„Денес директните загуби на Украина во инфраструктурата се над 100 милијарди долари“, рече тој.

 Во видео обраќањето на конференцијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обновата на Украина ќе биде „заедничка задача на целиот демократски свет“, пренесе Индекс.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk