logo
logo
logo

Европол: Запленети 5,4 милиони цигари и уапсени 30 луѓе

Vecer | 28.04.2021

Европол: Запленети 5,4 милиони цигари и уапсени 30 луѓе


Во меѓународна полициска акција уапсени се 30 члена на организирана криминална група, која продавала милиони нелегални цигари во Европа и извршила неколку насилни грабежи.

Вкупно 94 тони тутун и 5,4 милиони цигари се отстранети од оптек како резултат на полициската акција во која учествуваа Холандија, Полска и Европол.

Акцијата, под кодното име „Питбул“, беше спроведена во две фази во рамките на Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (ЕМПАКТ).

За време на првата акција биле „демонтирани“ две илегални фабрики во холандските градови Шаик и Херлен, со производствен капацитет од над еден милион илегални цигари на ден, што претставува загуба на данок од над 243.000 евра на ден и по фабрика, објави Европол.

На лице место во илегална фабрика се уапсени 21 лице, полски и украински работници и запленети се 5,4 милиони фалсификувани цигари, заедно со 40 тони суров тутун и 800 килограми тутун од наргиле.

Минатата недела, во Полска беше спроведена втората фаза од полициската акција, насочена против водачите на оваа криминална банда и по тој повод беа уапсени девет лица и запленети 54 тони тутун, заедно со машини што се користеа за производство на цигари.

Полицијата заплени и огнено оружје, лажни полициски униформи, радио комуникациски уреди и заглавувачи на сигнали, а според првичните проценки, поради работата на оваа криминална банда, загубата во полскиот буџет се проценува на повеќе од 11 милиони евра.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk