Војните и сиромаштијата ќе ја урнат Европската унија

Европа се менува од корен: Во ЕУ има 35 милиони мигранти!

Околу 35 милиони луѓе од вкупно 500 милиони колку што живеат во Европската унија, односно околу седум отсто се сметаат за мигранти.

Од овој број 14,3 милиони се граѓани на ЕУ кои ја искористиле можноста за слободно движење во рамки на Унијата, додека помалку од 20 милиони потекнуваат од земји кои не се членки на Унијата, пренесува АФП. Некои помали земји членки на Унијата, предводени од најмалата – Луксембург, ги отворија своите врати сразмерно со нивната демографска големина. Како што покажа истражувањето на Евростат, над 45 отсто од населението во оваа земја се странци, кои тука се доселиле привлечени од високиот животен стандард.

Потоа следуваат Кипар со 19,5 отсто странци, Латвија со 15,2 отсто, Естонија со 14, 9 отсто, Австрија со 12,5 отсто, Ирска со 11,8 отсто и Белгија со 11,3 отсто странци.

Во земјите од источна Европа помалку од еден отсто странци живеат во Полска, Романија, Хрватска и Летонија, а интересно е што најмногу Полјаци живеат во други земји од ЕУ.

Бројот на странски работници кои на кус временски период работат во земјите на ЕУ е изненадувачки мал, и покрај зголемувањето од 60 отсто од 2010 до 2015 година. Најмногу такви работници има во Германија – над 418 илјади, а следуваат Велика Британија со 177 илјади и Белгија со 156 илјади.

Голем прилив на мигранти во ЕУ беше забележан во 2015 и 2016 година, а повеќе од нив пристигнале од Сирија и Блискиот исток. Според податоците од Меѓународната организација за миграции, над милион бегалци пристигнале во Европа, од кои речиси 850 илјади преку Грција и Егејското Море.

Од овој број, над половината се бегалци од Сирија, а повеќето други се од Авганистан.

 

 

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари