Европа бара детална истрага за изчезнувањето на Кашоги

Европската комисија бара транспарентна и детална истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

„Упативме јасна порака, не само во јавноста туку и директно до Саудискиот конзулат“, соопшти портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

Комесарката за надворешна политика Федерика Могерини во вторникот изјави дека ЕУ очекува темелна истрага од страна на властите од Саудиска Арабија.

Саудискиот новинар Џамал Кашоги е пријавен како исчезнат од 2 октомври, односно по посетата на Саудискиот конзулат во Истанбул.

Властите на Саудиска Арабија се уште не дале објаснување што се случило со Кашоги, а неколку земји веќе упорно бараат одговори, особено Турција, САД и Британија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари