logo
logo
logo

Еврокомесарката Јохансон: Бугарија и Романија би можеле да се приклучат на Шенген од 1. јануари

Vecer | 23.11.2024

Еврокомесарката Јохансон: Бугарија и Романија би можеле да се приклучат на Шенген од 1. јануари

Таа рече дека двете земји ги исполниле „сите критериуми“ и дека се очекува министрите за внатрешни работи на Унгарија, Австрија, Бугарија и Романија на состанокот на 12 декември да се договорат за укинување на контролите на копнените граници, објави Euronews.

Јохансон истакна дека вкупната нерегуларна миграција кон ЕУ е намалена за 40 отсто, а на западнобалканската рута има намалување за 80 отсто, како и дека нема никакви проблеми откако се укинаа воздушните граници.

Романија и Бугарија требаше да се приклучат на Шенген зоната минатата година, заедно со Хрватска, на што се спротивстави Австрија, со тврдења дека овие земји не успеале да се справат со наглото зголемување на мигрантите кои пристигнуваат во ЕУ преку западнобалканската рута.

Внатрешните воздушни и поморски контроли на ЕУ со Бугарија и Романија беа укинати претходно оваа година, пишува Политико. На состанокот во Будимпешта, министрите за внатрешни работи на Унгарија, Австрија, Бугарија и Романија се согласија да „иницираат неопходни чекори“ за одредување датум за укинување на контролите на копнените граници.

Услов, како што е наведено, е продолжување на соработката за намалување на илегалната миграција, а договорено е и продолжување на проверката на границите меѓу Унгарија и Романија и меѓу Романија и Бугарија најмалку шест месеци „за да се спречат какви било сериозни закани“ за безбедноста на овие земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk