logo
logo
logo

Матеуш Моравјецки

„ЕУ се однесува ИМПЕРИЈАЛИСТИЧКИ“

Vecer | 10.08.2022

„ЕУ се однесува ИМПЕРИЈАЛИСТИЧКИ“

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во текст објавен на веб-страницата на германски „Велт“ ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите земји-членки.

„Политичката практика покажа дека позициите на Германија и Франција се поважни од сите други“, напиша Моравјецки во напис за германскиот весник „Велт“ и повика на пристап кој повеќе се заснова на консензус.

Како што рече полскиот премиер, тие имаат работа со формална демократија и де факто олигархија во која власта ја имаат најсилните и додаде дека мора да се бори против империјализмот на ЕУ, како и со рускиот империјализам.

Премиерот, чија влада постојано е во судир со Брисел околу прашањата за владеењето на правото, рече дека рускиот напад врз Украина ги истакна недостатоците на ЕУ. Тој повика на „фундаментална реформа која ќе ги врати општото добро и еднаквоста на првите редови на принципите на унијата“.

Политичарите од полската владејачка партија рекоа дека Варшава може да и се одмазди на ЕУ доколку земјата не го добие својот дел од средствата за закрепнување од пандемијата на коронавирус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk