logo
logo
logo

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“ поради кршење на договорот за испорака на вакцини

Vecer | 22.04.2021

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“ поради кршење на договорот за испорака на вакцини


Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против „Астразенека“, објави „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати.

Вчера на состанокот на европските дипломати повеќето европски земји потврдија дека ќе поддржат тужба против „Астразенека“ за кршење на договорот за испорака на вакцини до членките на ЕУ, наведува „Политико“.

Идејата зад тужбата е да се принуди „Астразенека“ да ги достави вакцините што ги вети во договорот со Европската Унија, објави „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори.

„Астразенека“ предизвика негодување во ЕУ во јануари кога соопшти дека нема да може да ѝ го достави на Унијата бројот на дози за кои првично се обврза.

До крајот на првиот квартал, таа испорача 30 милиони дози во земјите на ЕУ, а не 100 милиони колку што беше договорено.

Тој недостаток се одрази врз кампањите за вакцинација низ цела ЕУ, пишува „Политико“.

Компанијата соопшти дека ќе испорача околу 70 милиони дози до крајот на вториот квартал, до кога требаше да бидат доставени сите 300 милиони дози според договорот со ЕУ.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk