logo
logo
logo

ЕУ не ја поддржува програмата за економско државјанство на Црна Гора

Vecer | 03.06.2021

ЕУ не ја поддржува програмата за економско државјанство на Црна Гора


Црногорскиот министер за економски развој, Јаков Милатовиќ, соопшти дека програмата за економско државјанство нема да биде продолжена. Причината за тоа е фактот што не е поддржана од Европската Унија.

„Оваа програма може да го забави процесот на пристапување на Црна Гора во Европската Унија“, рече Милатовиќ во парламентот, додавајќи дека неговото министерство нема список на лица на кои им е дадено економско државјанство, објави црногорскиот јавен сервис РТЦГ.

Претходно, пратеникот од Демократскиот фронт, Дејан Ѓуровиќ, побара од владата да ги објави имињата на 67 граѓани кои добиле економско државјанство.

„Кои се почесните граѓани кои го добија пасошот и како го заслужија тоа?“, праша Ѓуровиќ на седницата на собранието.

Милатовиќ одговори дека работите за економско државјанство се во надлежност на Министерството за внатрешни работи и дека тој нема список со оние на кои им е доделен.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk