logo
logo
logo

ЕУ ЌЕ ПЛАТИ ЗА СЕКОЈА ОТКАЖАНА ДОЗА од вакцина против КОВИД-19, падна договор со Фајзер/Бионтек

Vecer | 26.05.2023

ЕУ ЌЕ ПЛАТИ ЗА СЕКОЈА ОТКАЖАНА ДОЗА од вакцина против КОВИД-19, падна договор со Фајзер/Бионтек

Официјален Брисел постигна договор со  „Фајзер-Бионтек“ за промени во договорот за вакцина против Ковид19.

Договорот подразбира намалување на бројот на вакцини што Европската унија мора да ги купи и продолжување на рокот за испорака до 2026 година, изјави денеска неименуван извор запознаен со разговорите.

Договорот, кој ќе биде објавен денеска, е постигнат по неколкумесечни разговори и притисок врз Брисел од страна на владите на ЕУ за да се обезбеди промена на договорот поради глобалната презаситеност од вакцини за Ковид-19, објави Ројтерс.

Оригиналниот договор беше потпишан во мај 2021 година и ја обврза ЕУ ​​да купи 900 милиони дози од двете компании со опција за дополнителни 900 милиони дози, до крајот на 2023 година. Околу половина или повеќе од половина од првите 900 милиони дози сè уште не се испорачани бидејќи побарувачката за вакцини падна минатата година.

Со промена на договорот, бројот на вакцини што ЕУ ќе ги купи е намален за околу една третина, изјави неименуван извор. Сепак, ЕУ ќе мора да плати компензација за секоја откажана доза, рече изворот, одбивајќи да прецизира колкава ќе биде компензацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk