logo
logo
logo

ЕУ: Ќе обучиме двојно повеќе украински војници од првобитниот план

Vecer | 03.02.2023

ЕУ: Ќе обучиме двојно повеќе украински војници од првобитниот план

„Верувам дека Украина заслужува да започне преговори за членство во ЕУ веќе оваа година“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање. Тој нагласи дека понатамошната интеграција во Европската унија ќе им даде на Украинците „енергија и мотив да се борат и покрај сите пречки и закани“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел се сретнаа со Зеленски во Киев. Украина веќе има статус на земја-кандидат од јуни, но процесот на пристапување до полноправно членство обично трае многу години.

Фон дер Лајен вчера објави нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра и други мерки за поддршка по состанокот на неколку комесари со членовите на украинската влада во Киев. Од новата финансиска помош, 145 милиони евра се наменети за хуманитарна помош, а 305 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура.

Соопштението е последно во серијата ветувања за помош дадени за време на посетата на Фон дер Лајен и 15 други претставници на Комисијата. Зборувајќи претходно заедно со украинскиот претседател, претседателката на Комисијата рече дека ЕУ ќе ѝ обезбеди на Украина 150 милиони евра за енергетска опрема, како и 35 милиони енергетски ефикасни светилки и 2.400 генератори по повторените руски напади врз енергетската инфраструктура.

ЕУ ги објави плановите за обука на вкупно 30.000 украински војници, што ја удвојува претходната цел на мисијата за воена обука на ЕУ од 15.000. Брисел најави дека ќе иѝ обезбеди на Украина 25 милиони евра за помош во финансирањето на операциите за деминирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk