logo
logo
logo

ЕУ и натаму нема договор за прекин на сезонското сметање на времето

Vecer | 18.03.2021

ЕУ и натаму нема договор за прекин на сезонското сметање на времето

Сè уште не е време за промена на времето, вели портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер во изјава за агенцијата „Танјуг“.

На прашањето за конечен договор во рамките на ЕУ за запирање на сезонското менување на времето, од Брисел велат дека сè уште нема консензус меѓу земјите-членки со кој треба да се согласат дали сакаат да го задржат летото или зимското сметање на времето.

„Топката е во рацете на земјите-членки кои треба да најдат заеднички став во рамките на Советот на ЕУ“, објаснува портпаролот на Комисијата.

Европската комисија, по јавни консултации и стручни анализи во септември 2018 година, презентираше предлог за ставање крај на сезонските промени на часовникот.

За време на јавната дебата во ЕУ, во која учествуваа околу 4,6 милиони граѓани, 84 проценти се заложија за укинување на поместувањето на часовниците двапати годишно, а 16 проценти сакаа да ја задржат оваа практика.

Предлогот на Европската комисија да се запре сезонското поместување на часовникот беше поддржан и од Европскиот парламент во 2019 година, но за предлогот да стапи на сила, тој мора да ја почека одлуката на Европскиот совет, за која сè уште не е јасно кога ќе биде донесена.

Она што е јасно е дека следната смена на часовникот во Европа се очекува на 28 март.

Во ЕУ во моментов има три стандардни временски зони: западноевропско време (Ирска, Португалија, Велика Британија), средноевропско време (17 земји-членки) и источноевропско време (Бугарија, Кипар, Естонија, Финска, Грција, Летонија, Литванија и Романија).

ЕК потсетува дека европските земји вовеле летни смени на часовникот во минатиот век со цел да заштедат енергија, особено за време на војни или за време на нафтената криза во 70-тите години.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk