logo
logo
logo

ЕУ и кажа "НЕ" на Спутник: Иако потребна, вакцината на Путин е непожелна!

Vecer | 15.03.2021

ЕУ и кажа "НЕ" на Спутник: Иако потребна, вакцината на Путин е непожелна!

Европската унија официјално ја исфрли вакцината „Спутник V“ , прогласувајќи ја за непожелна.

Сепак, далеку од очите на јавноста, Брисел ќе се сврти кон употреба на руската вакцина бидејќи мора да спроведе имунизација на 450 милиони граѓани во ЕУ и да го врати животот во нормален тек.

Официјален претставник на ЕУ, кој учествува во преговорите за набавка на вакцини со фармацевтски компании, рече дека владите на земјите-членки на ЕУ размислуваат да започнат преговори со производителите на „Спутник V“ врз основа на барањето на четири земји-членки.

Станува збор за Унгарија и Словачка, кои веќе набавиле руски вакцини, Чешка, која изрази интерес, а европските власти потврдија дека и Италија планира да започне со производство на Спутник во својот најголем биореактор во фабриката Реи Тера во близина на Рим.

Европската агенција за лекови досега одобри употреба на вакцини од четири производители, но имунизацијата во ЕУ се одвива бавно поради недостатоците во производствениот процес.

Доколку „Спутник V“ се одобри и во ЕУ, тоа ќе биде голема дипломатска победа за Русија, која веќе една година е под трговски санкции од Брисел поради припојувањето на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина, според Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk