logo
logo
logo

ЕУ го разгледува одговорот на Техеран за обнова на договорот за иранската нуклеарна програма

Vecer | 16.08.2022

ЕУ го разгледува одговорот на Техеран за обнова на договорот за иранската нуклеарна програма

САД синоќа соопштија дека веќе го информирале високиот претставник за заедничка надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за нивниот одговор по текстот на нацрт-договорот претсавен на 8 август во Виена.

Портпаролот на Борел, кој инаку ги координираше разговорите за враќање на Иран и САД кон договорот, потврди дека доцна синоќа го добиле ставот на Техеран по документот.

„Го проучуваме и се консултираме со другите учесници во разговорите и со САД“, рече портпаролот.

Евентуално постигнување договор по оспоруваната нуклеарна програма на Иран би водело кон укинување на американските санкции на иранската нафта, можност што уште во најава придонесува за пад на цените на нафтата на светските берзи. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk