logo
logo
logo

ЕУ ги заостри мерките за влез

Vecer | 01.02.2021

ЕУ ги заостри мерките за влез


Европската Унија ги заостри ограничувачките мерки за влез во земјите на Унијата за патниците кои доаѓаат од земји кои не се членки.

Како што е наведено во одлуката на ЕУ, слободен влез ќе биде дозволен само од земји со многу малку случаи на коронавирус и речиси ниту еден случај од новите варијанти, односно видови.

„Официјални претставници на ЕУ се состанаа во Брисел за новата мерка за патување од земји кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија“, изјави дипломат на ЕУ за „Ројтерс“.

Според препораката за несуштинско патување, земјите од ЕУ се охрабруваат да дозволат неограничен пристап само под строги критериуми, како што е задолжителен карантин.

Ќе им биде дозволен влез на патници од земји што не надминуваат 25 случаи на Ковид-19 на 100.000 луѓе за 14 дена, што е пониска стапка на инфекција отколку во сите земји на ЕУ.

Договорот ги ​​опфаќа несуштинските патувања и служи како упатство за земјите од ЕУ, кои го имаат последниот збор за нивната гранична политика.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk