logo
logo
logo

Естонската премиерка децидна: Украина нема да влезе во НАТО, додека трае војната

Vecer | 04.06.2023

Естонската премиерка децидна: Украина нема да влезе во НАТО, додека трае војната

„Во однос на Самитот на НАТО во Вилнус, секако, го поддржуваме патот на Украина кон членство во НАТО. Сите разбираат дека тоа не може да се случи додека трае војната“, истакна таа.

„Вашингтон пост“ во средината на мај објави, повикувајќи се на свои извори, дека земјите од НАТО одлучиле да не испратат покана до Украина да стане членка на Северноатлантската алијанса на самитот во литванската престолнина, туку да разговараат за можноста за зајакнување на соработката со Киев. Според весникот, меѓу земјите-членки на Алијансата, и покрај повиците на Киев, имало консензус дека НАТО за време на самитот на 11-12. јули во Вилнус нема да испрати официјална покана за членство на Украина.

НАТО даде политичка изјава на самитот во Букурешт во април 2008 година дека Украина на крајот ќе стане членка на НАТО, но одбија да обезбедат Акционен план за членство, првиот чекор во правниот процес за пристапување во организацијата.

Во февруари 2019 година, Врховната Рада ги одобри амандманите на Уставот на Украина, со кои се фиксира аспирацијата за членство во НАТО. Претседателот Володимир Зеленски постојано изјавува дека Киев сака да постигне конкретни услови за приклучување кон Алијансата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk