logo
logo
logo

Естонија протерала руски дипломат

Vecer | 24.03.2023

Естонија протерала руски дипломат

Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека денеска го повикало вршителот на должноста на руската амбасада во Талин и му врачило дипломатска нота дека вработен во руската амбасада со дипломатски статус е прогласен за „персона нон грата. 

Според извештаите, Министерството за надворешни работи на Естонија смета дека активноста на рускиот дипломат била спротивна на Виенската конвенција за дипломатски односи и тој мора да ја напушти Естонија најдоцна до 29 март. 

Протераниот руски дипломат, како што тврди естонското министерство, „директно и активно учествувал во поткопувањето на безбедноста и уставниот поредок на Естонија, ширејќи пропаганда што ги оправдува руските воени дејствија и се занимаваше со создавање расцеп во естонското општество“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk