logo
logo
logo

Естонија ЈА ЗАТВОРИ ГРАНИЦАТА за Русите кои бегаат од мобилизација - Треба да се борат против војна, а не да бегаат

Vecer | 22.09.2022

Естонија ЈА ЗАТВОРИ ГРАНИЦАТА за Русите кои бегаат од мобилизација - Треба да се борат против војна, а не да бегаат

Секој граѓанин е одговорен за постапките на својата земја, а тоа важи и за граѓаните на Русија, изјави естонската премиерка Каја Калас.

Естонија нема намера да им даде засолниште на Русите кои сакаат да избегнат делумна мобилизација и им предлага да се вклучат во антивоени активности во нивната земја, изјави премиерката Каја Калас.

- Овде прифаќаме украински бегалци од војната. Секој граѓанин е одговорен за постапките на својата земја, а тоа важи и за граѓаните на Русија, затоа не даваме никакво засолниште. Ова не е причина да им се даде засолниште на Русите кои бегаат од земјата. Треба да излезат и да кажат дека се против таа војна – изјави Калас за Си-Ен-Ен.

Естонија, заедно со соседите во балтичкиот регион, претходно ги затвори своите граници за Русите.

Претходно, во своето обраќање до нацијата, претседателот на Русија, Владимир Путин, најави делумна мобилизација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk