logo
logo
logo

Ердоган: Вршиме подготвителни работи за изградба на гасен центар со Русија

Vecer | 04.12.2022

Ердоган: Вршиме подготвителни работи за изградба на гасен центар со Русија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата спроведува подготвителни работи за создавање руско-турски гасен центар за снабдување со гас во Европа.

„Рускиот претседател Владимир Путин, како што знаете, предложи природниот гас за Европа да се дистрибуира преку територијата на Турција. За тоа водиме подготвителни работи“, рече Ердоган, пренесува Танјуг.

Идејата за формирање центар во Турција за пренасочување на количеството гас беше предложена од рускиот претседател Владимир Путин на форумот Руската недела на енергија во октомври.

Како што тогаш предложи, најголемиот гасен центар во Европа треба да се изгради во Турција и испораката на гас, која веќе не е можна преку Северен тек, да се пренасочи кон тој центар.

Тогаш Путин изјави дека тоа би можело да вклучи и изградба на уште еден гасовод.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk