Ердоган, исто така, рекол дека верува оти треба да се укине ембаргото за извоз на оружје воведено за Турција по нејзината инвазија на Сирија во 2019 година, пишува Анадолија. Финска и Шведска пред три дена официјално аплицираа за влез во НАТО.

Но, Турција минатата недела ги изненади сојузниците во НАТО со тоа што се спротивстави на членството на двете земји во алијансата. Западните водачи веруваат дека приговорите на Анкара нема да бидат пречка за процесот на пристапување на двете земји во НАТО.

Анкара тврди дека и Шведска и Финска обезбедуваат засолниште за луѓето поврзани со милитантната група ПКК (Работничка партија на Курдистан) и поддржувачите на Фетула Ѓулен, кого Турција го обвинува за организација на обидот за државен удар во 2016 година.

Финскиот претседател Саули Ниинисто во саботата изјави дека „отворено и директно“ разговарал со турскиот претседател Таип Ердоган како дел од дебатата за членството на Финска во НАТО.

„Реков дека Финска и Турција, како сојузници на НАТО, ќе се заложат за взаемна безбедност и дека нашите односи на тој начин ќе станат посилни“, напиша Ниинисто на Твитер по телефонскиот разговор со Ердоган.

„Финска го осудува тероризмот во сите негови форми. Ние го продолжуваме дијалогот“, напиша тој на Твитер, пренесе Индекс.хр