logo
logo
logo

Ердоган: Сакам нови, мирни односи со Америка

Vecer | 27.05.2021

Ердоган: Сакам нови, мирни односи со Америка


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева оти состанокот со американскиот колега Џо Бајден наскоро ќе отвори нова ера во односите меѓу Анкара и Вашингтон, кои се многу напнати од 2016 година.

„Убеден сум дека нашата средба со Бајден на самитот на НАТО на 14 јуни ќе биде најава за нова ера“, рече Ердоган на видеоконференција со шефовите на американски компании.

„Сојузот со САД е важен за нас“, инсистираше тој.

Изјавите доаѓаат по години напнатост што се засили кога претседателот Бајден минатиот месец призна дека Отоманската Империја извршила геноцид врз Ерменците за време на Првата светска војна. Анкара остро ја критикуваше одлуката. Таа ги признава масакрите, но го отфрла терминот геноцид и ја споменува граѓанската војна во Анадолија, со глад, кога загинале меѓу 300 000 и 500 000 Ерменци и исто толку Турци.

Односите меѓу Турција и САД, две членки на НАТО, се влошија во 2016 година поради неколку спорови. Вашингтон се налути кога Анкара купи руски ракети С-400, па ја исклучи Анкара од програмата за производство на американскиот борбен авион Ф-35.

Бидејќи неговата земја се повеќе дипломатски се изолира и се соочува со тешки економски проблеми, Ердоган се обидува да ги смири односите со САДи и Европска Унија во надеж дека ќе привлече инвеститори. Турскиот претседател им повтори на шефовите на американските компании  дека сака да ја зголеми трговијата меѓу Турција и САД на 100 милијарди долари, инсистирајќи на важноста за унапредување на заедничките интереси.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk