logo
logo
logo

Ердоган: Единствено решение за Кипар е формирање на две држави

Vecer | 10.02.2021

Ердоган: Единствено решение за Кипар е формирање на две држави


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека единственото решение за повеќедеценискиот спор околу Кипар е формирање на две држави на островот.

Тој додаде дека федерацијата за која се залага Атина нема да биде тема на претстојните разговори со посредство на Обединетите нации.

Водачите на Грција и Кипар рекоа дека ќе го прифатат мировниот договор за Кипар само врз основа на резолуциите на ООН и ја отфрлија формулата за две држави, на која инсистираат Турција и кипарските Турци, пренесува „Ројтерс“.

Разговорите под покровителство на ООН се закажани за во март.

Ердоган исто така им порача на пратениците од неговата партија дека не може да се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и покрај продолжувањето на разговорите меѓу Грција и Турција за споровите во Средоземното Море.

Ердоган рече дека Мицотакис го предизвикал и му порача дека треба да ги знае своите граници.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk