logo
logo
logo

Ердоган: Бајден треба да го исполни ветувањето и да соработува со Турција за прашањето на Сирија

Vecer | 15.03.2021

Ердоган: Бајден треба да го исполни ветувањето и да соработува со Турција за прашањето на Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден треба да го одржи ветувањето и да соработува со Турција со цел заедно да стават крај на трагедијата и да ја одбранат демократијата во Сирија, јавува агенцијата Анадолија (AA).

Ердоган зборуваше за Сирија, по повод деценијата од почетокот на граѓанската војна во таа земја.

„Горд сум да кажам дека позицијата на Турција не е променета од почетокот на граѓанската војна во Сирија“, рече Ердоган.

Тој рече дека турскиот народ верува дека воспоставувањето систем способен да ги претставува сите Сиријци е од клучно значење за мирот и стабилноста во Сирија.

Според него, мирно и трајно решение нема да биде можно без почитување на територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија.

Ердоган исто така рече дека САД и Турција треба да соработуваат во контекст на Сирија.

„Администрацијата на Бајден треба да го одржи ветувањето и да работи со нас за да се запре трагедијата и да се одбрани демократијата во Сирија“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Западот прво мора да заземе јасен став против терористите на ЈПГ и режимот на чии раце е крвта на невините во Сирија.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk