Епидемија на колера во Зимбабве – над 2.000 заразени и 20 мртви

Во Хараре, главниот град на Зимбабве, прогласена е епидемија на колера откако бројот на смртни случаи се искачи на 20, додека повеќе од 2.000 луѓе се заразиле со контаминирана вода, изјави денеска министерот за здравство, Одабија Мојо.

„Прогласивме вонредна ситуација во Хараре. Тоа ќе ни овозможи да ја ставиме под контрола колерата, тифусот или што и да се случува во градот. Не сакаме повеќе жртви“, изјави Мојо по обиколката во болница во која се лекуваат пациентите од главниот град на Зимбабве, објави „Ројтерс“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари