logo
logo
logo

ЕМА: АстраЗенека НЕ предизвикува тромбоза

Vecer | 06.04.2021

ЕМА: АстраЗенека НЕ предизвикува тромбоза

Европската агенција за лекови (ЕМА) негираше дека воспоставила јасна врска помеѓу вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ и случаите на редок тип на тромбоза, демантирајќи свој висок претставник кој денеска кажа дека таа постои.

„Сѐ уште не постигнавме заклучок и анализите сѐ уште се во тек. Повеќе сознанија би можеле да бидат објавени денеска или утре“, соопшти ЕМА.

Марко Кавалери, шефот за вакцини во ЕМА, во интервју за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ кажа дека постои јасна врска помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и редок тип на тромбоза, но причината за тоа засега не е позната.

„Според мое мислење, сега можеме да кажеме дека е јасно дека постои врска со вакцината. Но, засега не знаеме што ја предизвикува таа реакција“, изјави Кавалери.

Загриженоста околу редок, но сериозен тип на мозочна тромбоза што е регистрирана кај мал број лица по имунизацијата ја следи вакцината на „АстраЗенека“ со недели. Германија, Италија, Франција, Шпанија и Холандија се меѓу европските земји кои од таа причина ја ограничија употребата на оваа вакцина на одредена возрасна група.

ЕМА истражува 14 смртни случаи од тромбоза која наводно е последица на вакцинирањето со „АстраЗенека“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk