Американскиот центар за контрола и превенција на болести изгласа препорака на повторна употреба на вакцината против коронавирус на Џонсон и Џонсон.

Членовите на Советодавниот комитет на ЦДЦ за имунизација се согласија дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците од реткитe згрутчувања на крвта поврзани со вакцината.

Д-р Хозе Ромеро посочи дека 10 члена од советниците во Центарот гласале „ЗА“, четири биле „ПРОТИВ“ и еден бил воздржан.

Оваа одлука следува по истрагата за смртта на жена од Орегон и хоспитализација на друга жена во Тексас, откако примиле вакцина против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон