Френк Хугербетс, истражувач во Институтот за следење на геометријата на небесните тела поврзани со сеизмичка активност, пред три дена ја предвидел локацијата и јачината на разорниот земјотрес што се случи синоќа на границата меѓу Сирија и Турција.

„Порано или подоцна ќе има земјотрес од М7,5 во овој регион (Јужна централна Турција, Јордан, Сирија, Либан)“, напиша Хагербетс на Твитер пред три дена.

„Срцето ми е со сите погодени од големиот земјотрес во централна Турција. Како што кажав порано, порано или подоцна тоа ќе се случи во овој регион, слично на 115 и 526 година. На овие земјотреси секогаш им претходи критична планетарна геометрија, како што имавме на 4-5 февруари“, објаснил Хугербетс како предвидел катастрофален земјотрес, пренесуваат српските медиуми.