Европската комисија (ЕК) предлага да се ажурираат правилата за движење во ЕУ кои беа воведени за справување со ковид-пандемијата. Предлогот на ЕК е сертификатот за вакцинација да важи девет месеци од втората примена доза на вакцината против коронавирусот, а потоа да биде потреба и трета или т.н. „бустер“ доза.

Се предлага важноста на сертификатот да биде девет месеци затоа што се зема предвид препораката на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) трета доза да се прима шест месеци по ревакцината, па ЕК дава дополнителен период од три месеци за да се адаптираат националните кампањи за вакцинација и со цел да се остави време граѓаните да може да се вакцинираат со третата доза.

На ниво на ЕУ, околу 76 отсто од полнолетната популација е вакцинирана иако помеѓу земјите-членки постојат големи разлики во стапките на имунизација.