logo
logo
logo

ЕК поведува постапка против Полска поради проблематичниот закон за руско влијание

Vecer | 07.06.2023

ЕК поведува постапка против Полска поради проблематичниот закон за руско влијание

„Бордот на комесари одлучи да покрене постапка за кршење на правото на ЕУ со испраќање официјално предупредување“, изјави извршниот потпретседател на Комисијата, Валдис Домбровскис. Утре ќе биде испратено официјално предупредувачко писмо до Варшава.

Контроверзниот закон предвидува формирање на истражна комисија која ќе истражува дали некои функционери паднале под руско влијание во периодот меѓу 2007 и 2020 година. Во случај комисијата да утврди дека имало руско влијание, би можела да им забрани на тие лица да имаат пристап до доверливи информации или да водат бизнис со јавни средства десет години, што би ги отстранило од јавна функција.

Владејачката националистичка партија Право и Правда (ПиС) вели дека либералната опозициска Граѓанска платформа (ПО) ѝ дозволила на Полска да стане опасно зависна од руските фосилни горива додека ПО беше во владата од 2007 до 2015 година, покренувајќи прашања за тоа дали членовите на ПО биле под влијание на Москва.

ПО, кој е главен противник на владејачката ПиС на парламентарните избори оваа есен, истакнува дека главната цел на тој закон е да се уништи поддршката за нејзиниот лидер Доналд Туск, кој беше премиер од 2007 до 2014 година и пет години беше претседател на Европскиот совет.

  Комисијата одлучи да дејствува и покрај најавата на полскиот претседател Анджеј Дуда дека ќе направи одредени измени на тој закон. Полската опозиција тој закон го нарече неуставен и сталинистички. Во последните денови, САД и Европската комисија, исто така, го критикуваа тој потег на владејачката полска партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk