Египетскиот суд осуди 65 лица за тероризам

Египетскиот суд денеска осуди 65 лица за кои се верува дека се екстремисти или членови на терористичка група.

Според доказите со кој располага судот лицата на кои денеска им беше изречена казна ја изразиле својата лојалност кон екстремистичката група на Исламска држава.

18 од 65-те лица беа осудени на доживотен затвор, 41 лице е осудено на казна затвор во време траење од 15 години, додека шест лица беа осудени на казна затвор во време траење од пет години.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари