Египетската фудбалска легенда Мохамед Абутрика осуден за затајување данок

Судот во Египет го осуди Мохамед Абутрика, еден од најголемите фудбалски легенди во земјата, на една година затвор за даночно затајување со можност да плати казна од 20,000 египетски фунти за да се суспендира казната.

Абутрика, кој има азил во Катар од 2013 година, не беше присутен во судот за да ја слушне пресудата.

Судот изјави дека Абутрика не платил 39,500 долари данок на приход од рекламни догоговори за одреден пијалок и телекомуникациски компании.

Властите во Египет го замрзнаа неговиот имот во 2015 година и го ставија на црна листа поради сомнежите за поврзаност со Муслиманското Братство кое се води како терористичка организација.

Тој јавно ги поддржал Муслиманското Братство и Мохамед Морси кога тој се бореше за претседателска функција.

Абутрика ги демантирал сите наводи дека спонзорирал исламистички организации.

Со неговите успеси во фудбалот тој ја направи Египет, најуспешната африканска држава во овој спорт со рекордни седум титули.

Абутрика беше познат кај фановите како „Принс оф хартс“ и „Магионичарот.“

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари