logo
logo
logo

Еден од петмината ослободени британски заробеници од Русија: Се извлековме за влакно (ВИДЕО)

Vecer | 22.09.2022

Еден од петмината ослободени британски заробеници од Русија: Се извлековме за влакно (ВИДЕО)

Меѓу нив се Ејден Аслин, Џон Хардинг и Шон Пинер, кои беа заробени од сепаратистите поддржани од Русија во април, пишува Sky News.

Во снимената порака на летот за дома, Аслин и Пинер им се заблагодарија на сите што работеа за нивното ослободување.

„Повеќе не сме во опасност и на пат сме дома кај нашите семејства“, рече Аслин. „За влакно се спасивме“, додаде Пинер.

Повеќето од ослободените се Украинци, многу од нив од Азовскиот полк, кој стана познат по одбраната на Мариупол.

Освен Британците, меѓу 10-те ослободени странци се и Мароканецот Брахим Садун, Американците Александар Друек и Енди Хујнх, Хрватот Вјекослав Пребег и еден Швеѓанец. Тие биле однесени во Саудиска Арабија, додека многу Украинци се вратени во Украина.

„Не заборавивме на нашиот народ и се обидуваме да го спасиме секој Украинец“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Тоа е значењето на Украина, нашата суштина, тоа е она што не разликува од непријателот.

Зеленски рече дека најтешките преговори биле околу ослободувањето на петте високи украински команданти, меѓу кои и потполковникот Денис Прокопенко, командант на баталјонот Азов, неговиот заменик Свјатослав Паламар и Серхи Волински, командант на 36-та поморска бригада.

Тројцата биле водачи на отпорот во Мариупол и сега, како и другите двајца кои не се именувани, ќе останат во Турција до крајот на војната, рече Зеленски.

Како дел од договорот, Украина врати 55 Руси и промосковски Украинци, вклучувајќи го и Виктор Медведчук, лидерот на забранетата проруска партија, кој е обвинет за предавство.

Медведчук е близок пријател на рускиот претседател. Владимир Путин е кум на една од ќерките на Медведчук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk